Влакнесто девојче оставено само на себе
Малата Лиу Јиангли (6) од Кина, заради состојбата во која се наоѓа трпи бројни трауми. Девојчето е родено со слој груби црни влакна по лицето и...
...на повеќе од 60% по телото.
Кога имала само 2 години ја напуштила мајка и, а набрзо по ова татко и ја однел во градинка и никогаш повеќе не се вратил по неа.
Одговорните од градинката се обиделе да дојдат до нејзини роднини.
Дури по 6 месеци се јавил еден нејзин дедо. Сега Лиу Мингјуинг се грижи за внуката.
Тој се плаши дека девојчето тешко ќе се справува со изгледот.
Лиу тешко наоѓа пријатели, а другите деца или се плашат од неа или и се смеат.
Моментално не постои објаснување за нејзината состојба.
Симптомите најмногу потсетуваат на "Hypertrichosis Universalis" што е потполна прекриеност на кожата со влакна.