Најдобриот затвор на светот
На островче, на околу 70 km од Осло, се наоѓа најубавиот затвор на светот. Пред да почнете да коментирате дека затворот не ни треба да биде...
...убав, пазете да не ве чујат Норвежаните! На нивното рајско островче за затвореници нема место за решетки и вооружени стражари.
Наместо куп забрани и ужасни услови поради што затворениците само стануваат погневни, норвешкиот систем се обидува да ги поттикне самите затвореници да посакаат да прераснат во подобри луѓе.
Стотината затвореници живеат во мали куќарки што ги уредуваат по свој вкус, се облекуваат како што сакаат, одат на плажа, ловат риби, вежбаат во теретана, имаат бенд, посетуваат курсеви и предавања и од понеделник до петок одат на работа од 8:30 до 15:30. Иако се платени по 8 евра на ден, дополнително добиваат и пари за храна. Храна и други ситници си купуваат од локалната продавничка, а по работното време им следува вечера подготвена од затворениците вработени како готвачи.
Само три-четворица од стражарите преноќуваат на островот. Да се избега е неверојатно лесно, но скоро никој не се обидува да го стори тоа затоа што сите затвореници се свесни дека откако ќе ги најдат би ги сместиле во установа со многу полоши услови. Судејќи според однесувањето на затворениците, норвешкиот систем одлично функционира - тие ја ценат укажаната доверба, не прават проблеми и посветено учат нови вештини и штедат пари благодарни за шансата за нов, нормален живот. Мирниот остров и работата во природа ги менува на подобро и им влијае до таа мера што еден од затворениците истакнува дека иако по истекување на казната ќе живее во стан, ќе се потруди да си направи своја мала градина.
На оние кои не се согласуваат со ваков казнен систем, им препорачуваат да си замислат дека нивниот сосед треба да излезе од затвор.
Од какво место би сакале да излегува личноста која живее веднаш до вас?