Пристигнува Angry Birds со тркање
Производителот на популарната игра за мобилни „Angry Birds“ најави ново продолжение, каде овој пат главната тематика ќе биде тркање.
За оваа намена, познатата компанија се здружи со возачот на Формула 1, Хеики Ковалаинен, со кои заедно ја разработија новата верзија на играта.
Од Rovio очекуваат ова продолжение, особено со новата тематика, да го продолжи успехот кој го постигна најновата верзија со наслов „Angry Birds Space“ која за само 35 дена е преземена над 50 милиони пати.
За дополнителна промоција, познатиот возач Ковалаинен пред трката во Мелбурн, Австралија, донираше кацига со илустрации од „Angry Birds“ на неа.
Новото продолжение на „лутите пилиња“ треба да се појави на 18 јуни.
Подготвил: В.Ѓ.