Најкреативни детски игралишта
Не е фер што возрасните ги смислуваат детските игралишта. Децата се полни со љубопитност, храброст и креативност, а возрасните упорно им градат...
...еднолични игралишта сѐ почесто ограничени со депресивна ограда.
За среќа постојат и пораснати луѓе кои уште умеат светот да го гледаат со детски очи, па се сетиле да ги израдуваат малите другарчиња со минијатурни шарени светови за игри без граници.
Данското студио Монструм, кое ги прави најинтересните детски игралишта, е дружина од возрасни кои за себе велат дека светот го гледаат во боја и знаат дека фантазијата нема крај.
Китот во Гетеборг, Шведска
Децата со радост го глумат Пинокио истражувајќи ги надворешноста и внатрешноста на синиот кит долг 15 m, висок 3 m и широк 3,2 метри. Инспирација за ова игралиште е популарната колекција сини китови во музејот во Гетеборг.
Дечињата се чувствуваат големи во кулите скроени по нивна мерка. Во игралиштето каде технологијата е искористена за збогатување на детската забава, има едно чудо игри, загатки и предизвици, како и озвучување за држење говори и мал планетариум на врвот на една од кулите. Овде децата учат по нешто за историјата на петте најпознати кули во Копенхаген додека си играат низ нивните смалени верзии.
Дел од останатите детски царства креирани од Монструм
З.П. | Црнобело