Не можете да возите со штикли?
Имате проблем да возите со високи штикли? Си носите резервни рамни чевли или патики во колата? Некој мислел и на вас. Осигурителната компанија...
..."Sheilas' Wheels" има направено чевли за возење кои всушност претставуваат елегантни високи потпетици кои можат лесно да се адаптираат во чевли за возење.
Голем број на жени возачи ја загрозуваат својата безбедност како и безбедноста на останатите возачи со носењето на несоодветни високи чевли додека возат.
- 10% од жените возачи велат дека предизвикале или пак за малку избегнале сообраќајна незгода поради нивните чевли кои се заглавуваат меѓу патосниците и педалите
- 80% од жените возачи носат несоодветни чевли избирајќи го стилот пред безбедноста.
- 33% од жените велат дека носат апостолки, додека 18% велат дека не носат никави обувки додека возат (возењето боси е крајно небезбедно и во одредени земји казниво со закон).
- 47% од жените возачи велат дека наутро ги одбираат своите чевли врз основа на тоа кои им одговараат со дневниот стил, а не дали ќе имаат проблем при возењето со нив.
Високите потпетици и чевлите на платформа не се најпаметниот избор кога станува збор за управување со автомобил.