Питбул и го спасил животот на газдарицата
Храбриот питбул Лили минатата недела го спаси животот на сопственичката која паднала во несвест преку железничката пруга во Ширли, САД, неколку...
...моменти пред да пристигне возот.
Сопственичката на кучката, Кристина Спејн (54), останала неповредена, но храброто кутре останало без двете предни ноџиња.
Осумгодишниот питбул Лили со заби ја влечела својата газдарица од пругата и успеала да и го спаси животот.
- Прво нешто што го видов беа нејзините големи, преубави очи кои гледаа во мене, а потоа видов дека предниот десен дел од телото и е повреден – изјавил Дејвид, синот на Кристина.
Дејвид објаснил како ја посвоил Лили пред три години мислејќи дека кутрето ќе биде одличен подарок за неговата мајка која се борела со алкохолизам и депресија.
- Јас ја спасив Лили, а сега таа го спаси животот на мајка ми. Се надевам дека нашата приказна ќе го заобиколи светот, а сите ќе станат свесни за тоа дека кучињата се навистина најдобар пријател на човекот – изјавил Дејвид.
Лили имала две операции и ампутирана и е предната десна нога. Лекарите велат дека ќе може повторно да оди, но дека навикнувањето ќе и биде малку потешко и може да трае и до неколку недели.