Запознајте го скромното семејство на Марк Цукерберг
Богатството на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, е проценето на „само“ 17,5 милијарди долари, а неговите родители и сестрите немаат намера...
...да престанат да работат.
Мајката и таткото и понатаму си работат во својата стоматолошка ординација која ја основале во 1978 година, многу пред Марк да го направи Фејсбук.
Ед Цукерберг секој ден прима пациенти во ординацијата во Њујорк, вредна 600.000 долари, а неговата сопруга Дона е задолжена за административниот дел од работата.
Ед вели дека нема намера да престане да работи затоа што кариерата во „Безболната ординација на др.Зи“ ја смета за свое дете.
Семејството е штедливо и не спаѓа во оние кои ги фрлаат парите низ прозорец.
Марк Цукерберг некој неодамна го нарече „најсиромашниот богаташ кој ќе го видите“ затоа што живее како студент во изнајмени куќи иако неговото богатство се мери во милијарди. Неговата семејна куќа не се менува веќе со децении а единствен луксуз е редот седишта пред голем ТВ екран во дневната соба, налик на оние во кината.
Ед Цукерберг не ги ни пипнал акциите во Фејсбук во вредност од 2 милиони кој му ги подарил синот во знак на благодарност што му помогнал да го започне бизнисот, а кои во меѓувреме пораснале на 60 милиони долари. Луѓето често го прашуваат како да ги воспитуваат децата за да бидат успешни како неговиот син, но Ед вели дека нема посебен рецепт и дека тој нема некои големи заслуги за тоа.
Успехот на Марк е резултат на тешката работа и штедењето.
Сестрата Ариел работи како менаџер за производи во маркетинг компанијата „Interactive wildfire“, а другата сестра Дона спрема докторат на Универзитетот Принстон и води блог посветен на готвењето.
Единствен исклучок е сестрата Ренди Цукерберг која во август минатата година ја напушти работата на директор на маркетинг во Фејсбук, наводно за да основа сопствена друштвена мрежа "R to Z studios". Кога се откри дека подготвува ТВ реалити шоу за Силиконската долина, стана мета на критиките. Ренди е мажена за Брент Творек, со кој студирале заедно на Харвард и имаат синче – Ашер.