Помеѓу сонот и јавето

pomegju-sonot-i-javeto-povekje„Кој си бе ти !?“ „Јас... !?“ (шпљас - шамар) „Јас тука прашувам, а не ти ! И не ми одговарај на прашање со прашање, туку кажи ми кој си бе ти !?“


„Јас... јас сум... “

(шпљас - шамар) „Не туку се двоуми, одма одговарај. Што зар не знаеш кој си или глуп си !?“

Како ме подбравте, пуздер ме направивте. Абе партали. Да бев кокошка пердуви ќе ми летаа. Ама ако со право. Кој сум бе па јас колумни да ви пишувам !? Сигурно сељачиште некое од Драчево. Не ви кажав дека сум од Драчево !? Тууу штета. Мислев да не го откривам тоа и да ве држам во неизвесност или евентуално да ве изненадам на наредениот 1ви мај, кога сите ќе бидете собрани околу скарата и јас да ви се тупнам од никаде ненајавен; БАП ! И со кромидот во рака да ви речам „Сапрајз“ и да го одвалам оноа американското „Хани ајм хоум“.

Не знам зошто Драчево е познат само по кромидот, кога тука се одгледуваат и мал милион други земјоделско-градинарски култури, ама кога веќе сме кај горе-наведениот производ да ви споделам неколку шеги:

Со што го китат младожењата во Драчево !? - Со перца од кромид.

Што фрла невеста од Драчево на свадба место бидермаер !? - Главица кромид.

Зошто сите плачат на Драчевска свадба !? - Од кромидот бе брат.

Вака можам до сто и една и назад, ама утре треба да одам до продавница и не би сакал и јас да плачам, а тоа да не е од кромидот. ;)

Плус не би сакал колумнава да се претводи во колумна за Драчево, друга ми е намената.

Нема да пишувам типични колумни, барем не како другите и не барајте поента во колумните што немаат поента... или можеби имаат, ама ние не ја гледаме. Тоа е таа вечна дилема и „борба“ помеѓу писателот и читателот.

Писателот не знае како читателот ќе го прочита неговото дело и што тој ќе разбере од него. Читателот, не ретко, не знае што точно мисли писателот и што сака да каже со неговото дело.

Создадени сме да не се разбираме. Нешто како однос родител-дете.

„Ќе сфатиш кога ќе дојдеш на мое место, кога ти ќе станеш родител“ - ова сигурно сте го слушнале мал милион пати, ама тоа е вистината. Изгледа работите стануваат појасни кога сами ќе ги почуствуваме на своја кожа.

Сакам да споделам и едно инспиративно видео со вас:

Сакате да бидете фудбалер, бидете. Никој нема право да ви го забрани тоа.

Сакате да бидете колумнист, бидете. Сакате да бидете „станат“ комичар, бидете. Сакате да бидете пејач, бидете... и уште многу сакате и уште многу бидете.

Да, нормално е патот да биде трнлив. Да, нормално е да ве исмејуваат и омаловажуваат поради тоа што сакате да бидете нешто поинаку.

Да, многу повеќе луѓе ќе гледаат да ви одмагаат, место да ви помагаат, но тоа нека не ве плаши, оти само вие може да си го направите сонот - јаве.

И зошто го споделувам ова со вас !? За да ве испровоцирам. За и вие да бидете нешто што другите ќе речат дека не можете да бидете.

пс. благодарам до @neformalno за линкот до видеото, а воедно благодарам и на сите кои што ја споделија колумната и кои што искоментираа на неа.

Често забораваме да речеме благодарам, едноставен збор кој многу значи.

Горан Ман

Авторот е благодарен иако е од Драчево ;)

Би можело да ве интересира:

Најопасните аеродроми во светот - Предизвик се и за најискусните пилоти Многу кратки писти, аеродроми сместени до плажи полни со туристи – дури и на нај...
Активности кои го зголемуваат нивото на допамин (и ве прават посреќни) Вежбањето и медитацијата го поттикнуваат лачењето допамин, што пак позитивно се ...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Чоколатца со грав и уште 9 работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Автомати за сè, вклучувајќи и преливи за салати, како и тоалетни школки во лифто...
Женските маки низ 10 забавни илустрации Како се чувствуваме во оние денови, кога маки мачиме со циклусот? Како изгледа к...
Најбогатите бизнис династии во светот (и како ги заработиле парите) Семејството што го поседува брендот Chanel има богатство од околу 95 милијарди д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg