An idiot abroad во Македонија
Македонија е една од дестинациите што Рики Џервејс му ги избра на Карл Пилкингтон за третата сезона од серијалот An idiot abroad - The Short Way Round.
Овој пат, на Карл му се придружи и Ворвик Дејвис од Life's Too Short. Нивната посета на Најмалиот етнолошки музеј во светот, сместен во село Џепчиште, Тетовско, ја проследи екипата на Добри вести.
Во исчекување на македонската епизода од An idiot abroad, погледнете ја првата средба на актерот Ворвик Дејвис со Карл Пилкингтон, пријател и најневеројатното откритие на Рики Џервејс.
Ако веќе го знаете и сакате Карл, сигурно ќе уживате и во ова парче од неговите мудрости. Ако пак, ова е ваша прва средба со уникатниот филозоф Пилкингтон, тогаш подобро прво ѕирнете нешто од муабетите на The Ricky Gervais Show.
Рики, Карл и Стивен Мрчант во The Ricky Gervais Show
Актерското деби на Карл Пилкингтон е во најновиот ТВ производ на Џервејс, серијата Derek
Ворвик и Џони Деп во епизода од Life's Too Short
З.П. | Црнобело