Рецепт за среќни пријателства
Благодарение на пријателствата што ги имаме нашите животи се посреќни. Добрите односи и блиските врски со другите луѓе се најважниот елемент за...
...среќен и исполнет живот.
Кога сме опкружени со драги луѓе кои се среќни и самите се чувствуваме поубаво.
Пријателствата треба да се негуваат и во нив да се вложува, така ќе ги направиме среќни своите пријатели, но и самите себе.
Ви посочуваме осум совети како да се одржат среќни пријателствата.
1. Добра комуникација
Добрата комуникација е најважниот елемент во секој однос, особено во пријателството. Кога се чувствуваме доволно релаксирано и пријатно со некоја личност, лесно е да бидеме искрени и да кажеме сè што мислиме. Но клучот на добрата комуникација е да се размислува за туѓите чувства. Пријателството не значи дека во сè се сложуваме, но значи дека ги почитуваме и другите мислења.
2. Слушање
Понекогаш во разговорот повеќе размислуваме за тоа што ќе одговориме наместо да слушаме што ни зборува соговорникот. Добриот слушател покажува дека му значи другата личност и она што таа му го зборува.
3. Бидете заедно
Во секој однос потребно е да се вложува своето време и да се покаже интерес за другата личност. Иако повеќето луѓе имаат малку слободно време, своето време треба да се прилагоди кон заедничките можности за да трае пријателството.
4. Искреност
Искреноста гради доверба помеѓу пријателите. Пријателите од нас очекуваат да бидеме искрени и да може да имаат доверба во нас. Понекогаш може да кажеме она што тие не сакаат да го слушнат, затоа е важно да се мисли на нивните чувства.
5. Ценете го доброто во нив
Секој има негативни особини, но пријателите еден кај друг го препознаваат она позитивното. Покажете им на пријателите дека ги цените и немојте да се обидувате да менувате нешто што кај нив не ви се допаѓа.
6. Немојте да осудувате и внимателно со критиките
Пријателството се темели на сличности, но секоја личност е поинаква и има поинакво мислење за работите. Иако често пати не се сложуваме со нечии одлуки, не смееме да ги осудуваме. Критиката мора да биде само конструктивна, никогаш навредлива и со потсмев.
7. Лојалност и поддршка
Пријателот е најголемата поддршка во тешките моменти. Својата лојалност ја покажуваме така што ги слушаме и разговараме со нив кога им е потребно.
8. Заедничко смеење
Смеењето го разубавува секојдневието, но помага и да се надминат најтешките моменти. Пријателствата ги зацврстува заедничкото смеење и делењето на сличниот смисол за хумор.