Очила наместо диети
Сме слушнале дека малите порции се решението за одржување добра линија, ама никој досега не помисли дека тајната лежи во џиновската храна. Никој освен Јапонците.
Иако Јапонија нема некој проблем со прекумерната тежина, неуморните јапонски научници се на пат да го решат овој глобален проблем и тоа со користење специјални очила.
Изумот роден на универзитет во Токио звучи чудно, ама едноставно се објаснува. Нивните очила ја „зголемуваат“ храната, а како што откриваат првичните истражувања ова ќе ве натера да изедете помала количина отколку вообичаено.
Гледајќи ги колачињата за 50% поголеми отколку што навистина се, испитаниците изеле 9,3% помалку отколку вообичаено, но кога со помош на истите очила ја смалиле големината на колачињата за 33% испитаниците изеле дури 15% повеќе колачиња отколку групата што не користела очила.
Додека изумов да дојде кај нас, наместо да држите диети едноставно правете си џиновски колачи :)