Провокативни прашања
Веруваме дека имате 5-10 минути да си ја оладите главата и малку да размислите околу неколку провокативни прашања. Вашите одговори со сигурност...
...ќе ве замислат, но и ќе се чувствувате поисполнети кога ќе се потсетите на сите овие работи.
1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
10. Кого вистински го сакаш?
11. Ако не сега, тогаш кога?
12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
14. Што те смее?
Споделете ги вашите најинтересни одговори во коментарите.