Колективно лижење во лифт
Дали би сакале да се возите во лифт со ѕидови од манчмелоу или крем банани? Компанијата за односи со јавност "Engine" од Лондон, во својата зграда...
...го направила првиот лифт обложен со 1.325 Јафа кекси.
Прехранбените техничари и уметниците задолжени за дизајн, поминале дури еден месец во реализација на овој проект. Иако на прв поглед не изгледа така, многу внимание е посветено на хигиената.
Од компанијата "McVitie Jaffa Cakes" велат дека инспирација пронашле во стаклениот лифт од филмот „Чарли и фабриката за чоколади“ и дека сакале да направат илузија на магичен свет во кој на кратко време можат да уживаат вработените додека доаѓаат на работа.
Ако се прашувате што е со оние кекси кои веќе се излижани или грицнати, без грижа, веднаш се отстрануваат од ѕидот и се заменуваат со нови.
- Сакаме да внесеме малку забава во животот, а ова беше одличен начин да ги развеселиме вработените кои се под стрес, изјавила Филипа Тили, директорка на компанијата.