Прегладнети и презаситени
Австрискиот фотограф Klaus Pichler користи скапана храна во процес на распаѓање како уметничко средство за пренесување на својата порака.
Тој поаѓа од застрашувачките податоци што ги откри ланско истражување на ОН: една третина од храната во светот завршува во ѓубре, додека една третина од луѓето во светот гладуваат.
Додека стотици милиони умираат од глад, милиони жители на развиените земји нема да го дојадат тоа што ќе го купат. Серијалот „Една третина“ е посветен на глобалниот пазар на храна и индивидуалното расфрлање со истата. Во Европа и Северна Америка се фрлаат меѓу 95 и 115 килограми храна по жител, а овие континенти постојано се снабдуваат со свежи производи од далечни и многу посиромашни држави.
Глобализацијата не значи само егзотично овошје на полиците на супермаркетите среде зима, овој феномен значи и огромно загадување поради постојаниот транспорт на производите, објаснува Pichler потсетувајќи и дека Англија, и покрај традицијата и навиката за пиење чај всушност нема ниту една чајна плантажа.
Авторот потенцира дека за разлика од храната што секојдневно случајно скапува во нашите кујни без да забележиме, во неговиот проект секое парче е свесно и намерно употребено.
Леб
Портокали
Чоколадни колачиња
Јагоди
Лубеница
Капини
Брашно
Лимони
Цреши
Шлаг
Карфиол
Јајца
Кашкавал
Коктел