Комплетно гола час и половина на аеродром
Од вообичаено чекање на летот во Денвер, настана вистински добра прилика за заработка на некои од патниците на овој американски аеродром.
Една жена, се соблекла сосема гола без никаква посебна причина. На аеродромот си запалила цигара. Обезбедувањето и пришло да ја замоли да ја изгаси. Без приговор го направила тоа и веднаш се соблекла гола.
- Изгледаше како да доживеа некој вид нервен слом – изјавил портпаролот на полицијата кој тврди дека гасењето на цигарата довело до овој нудистички чин.
Женат 90-тина минути стоела гола, а многу шокирани патници ги прекривале очите на децата. Другите секако подготвено ги извадиле своите телефони.
Првиот холивудски сајт TMZ за фотографијата платил 3000 долари. За снимката се нудат дури 10.000 долари.
Во меѓувреме виновничката е однесена во болница на психичка процена. Со оглед на тоа дека не била уапсена, против неа не е подигната тужба, изгледа навистина била нестабилна.