Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Подготовки за велигден: 5 идеи за празничен декор

podgotovki-za-veligden-5-idei-za-praznicen-dekor-povekjeПред да почнете да ја декорирате празничната трпеза, знајте дека ја имате целета слобода на овој свет. Никому нема  да му падне на ум да ви забележи...


...за разнобојните садови, мноштвото миризливи свеќи, пилињата, зајчињата и другите детали.

Што подречливо

podgotovki-za-veligden-5-idei-za-praznicen-dekor-1

Трпезата за велигденскиот појадок треба да биде што повесела, а ние ви предлагаме да си поиграте со боите на пролетта, сина, жолта, црвена и зелена. Пронајдете салфетки и садови со велигденски мотиви и пополнете ги со шарени јајаца и нарциси.

Како во бајка

podgotovki-za-veligden-5-idei-za-praznicen-dekor-2

Набавете шарен чаршав со украсни мотиви и сервис за ручање во пастелни бои, најдобро нежно розева боја. Во длабокиот тањир ставете изгужвана салфетка, потоа во ена ставете јајца офарбани во интензивни бои, циклама на пример. За да декорацијата биде уште поубава, во средината на овој аранжман забодете жолти пердуви.

Корпа полна со радост

podgotovki-za-veligden-5-idei-za-praznicen-dekor-3

Искористете ја старата плетена корпа и во неа ставете што повеќе шарени фарбани јајца. За да целиот аранжман биде поинтересен додајте и по некое јајце од препелица, како и гранче од врба.

Раскошно и елегантно

podgotovki-za-veligden-5-idei-za-praznicen-dekor-4

Слободно поиграјте си со различните облици на садови. Да речеме, ако имате поголем плиток сад со златен раб, во него ставете чинија во облик на ѕвезда. Додајте раскошни јајца и ќе добиете аранжман кој ќе заземе централно место на вашата празнична трпеза.

Вешта игра со боите

podgotovki-za-veligden-5-idei-za-praznicen-dekor-5

Во една чинија ставете цветови од гербер, најдобро е да се определите за две бои, да речеме бела и портокалова, а помеѓу нив ставете некое офарбано јајце. Чиниите слободо наполнете ги со што сакате, но не заборавајте по трпезата да ставите и латици од разно цвеќе и да додадете некоја свеќа во облик на јајце.

Би можело да ве интересира:

Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни) „Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете ...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
Афера со вработен на Доналд, користи двојничка: Најлудите шпекулации за Меланија Трамп Една од најпознатите теории на заговор за Меланија е дека користи двојничка биде...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg