Катастрофата во Чернобил, низ ретки историски фотографии
Пациенти кои биле изложен на радијација, луѓе кои го чистат на радиоактивниот отпад, проверка на жителите на околните села за радијација…
Хаваријата во Чернобил до денес останува една од најголемите природни катастрофи.
На 26-ти април 1986 година, еден од реакторите на нуклеарната електрана експлодирал и создал пожар кој горел со денови.
Хаваријата резултирала и со радиоактивен облак кој зафатил огромна површина.
Неколку ретки фотографии направени по хаваријата:
Работници го чистат покривот на реакторот каде што се случила експлозијата.
Најпрво пробале да го исчистат отпадот со роботи од Германија, Јапонија и Русија, но машините престанувале да работат поради високото ниво на радијација. Па, морале да користат луѓе.
На некои места, работниците не смееле да останат подолго од 40 секунди поради енормно високата радијација.
Фотографија од централата направена неколку недели по хаваријата.
Луѓето кои работеле на расчистувањето ги облекуваат заштитните одела.
Дел од луѓето биле воени лица, а дел цивили, повеќето на возраст од 35 до 40 години.
Тогаш државата немала соодветни заштитни одела за радиоактивни области, па работниците експериментирале.
Користеле и тенки плочи од олово, кои ги сечеле во форма на наметки што ги ставале под облеката.
Воен хеликоптер истура течност која треба да го забави ширењето на радиоактивните честички околу електраната, неколку дена по катастрофата.
Уште една фотографија од работници на покривот на електраната.
Дел од работниците се подготвуваат да се качат на покривот за расчистување на радиоактивниот отпад.
Работник со импровизиран шлем од олово на покривот на електраната.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





