Ги користат само милијардери, плаќаат и до 2 милиони евра годишно: Како изгледаат најдобро обезбедените сефови во светот?
Покрај контролната соба во зградата, има контролни соби и во Дубаи и Африка.
„Во секој момент, трезорот го гледаат четири пара очи. Никогаш не се потпираме само на една личност“, открива менаџерот на трезорот за Daily Mail.
Сите клиенти имаат персонализирани картички за пристап и само тие можат да го отворат нивниот сеф.
Во централниот дел на градбата се сместени 560 сефови со различна големина – некои се колку мала кутија, а некои колку цела просторија.
Најмалиот сеф може да се изнајми по цена од околу 1.000 евра годишно, додека за најголемиот се плаќаат дури 2,5 милиони годишно.
Менаџерот открива дека најчесто клиентите чуваат скап накит, часовници, злато или тестаменти.
Но, некои чуваат и колекционерски предмети како Покемон карти за играње од кои ретките примероци можат да чинат цело богатство.
„Не чуваме само физички предмети. Имаме многу клиенти кои овде ги чуваат нивните лозинки за криптовалути“, додава менаџерот.
Во склоп на зградата има и „соба за злато и дијаманти“ каде што клиентите можат да купуваа дијаманти, но и да тргуваат со злато и ретки монети.
Менаџерот вели дека тој и вработените немаат претстава што се крие во сефовите.
„Некогаш клиентите ни кажуваат што чуваат, но ние никогаш не прашуваме. Популарни се часовниците, но некои чуваат и скапи чанти.
Некогаш чуваат и сентиментални предмети, но ние никогаш не ги прашуваме што стават во сефот“.
Менаџерот вели и дека не трошат време на милионери и не може кој било да добие сеф
„Нашите клиенти се само милијардери – членови на кралски семејства, фудбалери, бизнисмени и славни личности.
За потенцијалните клиенти има строга процедура – ова е многу приватен клуб. Селективни сме за тоа кого ќе примиме.
Истовремено, сакаме да бидеме сигурни дека не станува збор за луѓе кои перат пари или кои го стекнале богатството на нелегален начин.
Повеќето наши клиенти ни се препорачани од приватни банки, но сепак и ние ги проверуваме“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





