Michelada - Мексикански коктел со пиво
Нема нешто што Мексиканците не можат да го помешаат со лут сос, па така по малку се капнува и во ладно пивце. Основниот рецепт за мексиканскиот...
...коктел Michelada е многу едноставен, но има повеќе локални верзии што се пијат ширум Средна и Јужна Америка.
Michelada:
Работ на чашата натопете го со сок од лимета, па порабете со сол.
Помешајте 2-3 големи лажици сок од лимета, капнете малку лут табаско сос и прстофат морска сол во голема чаша. Некои тврдат дека основниот коктел воопшто нема лут сос, па слободно избегнето го ако не ви ви се допаѓа.
По желба додадете мраз и дополнете ја чашата со пиво.
Пивото мора да е светло, чашата порабена со сол и автентично е да се користи зелена лимета, а не жолт лимон. Инаку секое место има своја „најдобра“ верзија на Michelada, а тие вклучуваат доматен сос, бибер, лут црвен пипер или други зачини слични на чили, 2-3 капки Worcestershire сос, или пак малку текила.
Зачинувајте по желба, па кажете како сте поминале :)