Орангутанка умира од тага за запалената шума
Документарниот филм на Патрик Руксел, најголем дел е снимен во Индонезија и ја следи тажната животна приказна на орангутанката Грин која загинала...
...во азилот за животни, откако шумата во Суматра која била нејзин дом, била исечена и запалена.
Авторот на филмот се обидел да го привлече вниманието на јавноста на уништувањето на природните ресурси, и да ја насочи вината кон индустријата за преработка на дрво, производство на целулоза, хартија и масло од палма.
Снимките од последните моменти од животот на орангутанката се проследени со снимки од сечењето на дрвата од Суматра и производите од дрво кои се резултат на ова масовно уништување на шумите. Грин била пренесена во азил за орангутани каде што после излив на крв во мозокот останува делумно парализирана.
Прикажани се и последните денови од животот на Грин каде грчевито ја стега перницата, а потоа безживотно бега во празно.
Патрик Руксел, работел за Greenpeace и Светскиот фонд за заштита на животните во Индонезија и Африка, а за овој филм добил дури 35 меѓународни признанија. Погледнете го и трејлерот: