6 опасни професии од минатото за кои сме благодарни што веќе не постојат
Разнесувачи на барут
Во Европа, во таканаречената ера на морепловците (од 16-ти до 19-ти век) битките со бродови не биле така ретки.
Па, секој брод бил вооружен и на него имало огромни количини барут.
Како што кажува името на професијата, задачата на разнесувачи била да го разнесуваат барутот од едно на друго место, доста често среде битки.
Уште полошо е што оваа задача најчесто ми припаѓал на деца бидејќи се движеле побрзо, но и бидејќи капетаните сметале дека децата треба да работат нешто штом се на бродот.
Работнички во фабрика за кибрит
Иако можеби не звучи толку лошо како останатите професии на листата, во Англија, во 1800-тите, вработените во фабрики за кибрит биле изложени на многу токсични материјали.
Најголем број од вработените биле девојки и жени кои без никаква заштита работеле со бел фосфор.
Денес е познато дека оваа состојка создава сериозно оштетување на мозокот и коските.
Па, скоро сите работнички во фабриките добивале вид рак на коските и нивниот скелет буквално скапувал.
Без операција, исходот секогаш бил смрт.
Белиот фосфор е забранет за употреба од раните 1900-ти, но дотогаш умреле стотици девојки и жени.
Работнички во фабрика за часовници
Ова не се однесува на која било позиција во фабрика за часовници, туку конкретно на работници кои ги боеле бројчаниците.
Тие користеле боја со родиум, за бројчаникот да свети во темно.
И, во овој случај најчесто работниците биле жени.
Фабриките работеле во 20-тиот век и жените не биле свесни дека радиумот е радиоактивен.
Секако, не користеле никаква заштита и секојдневно се изложувале на опасни дози радијација.
А, сигурни сме дека веќе знаете кои се последиците од изложеноста на радијација – бавна и многу болна смрт.
Најморничаво во целата ситуација е што нивните шефови донекаде биле свесни за опасноста од радиумот, но ја игнорирале.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





