Десерти од месо
Неодоливите десерти што ќе ве поттикнат да претрчате до најблиската слаткарница, всушност воопшто и не се слатки. Австриската фотографка...
...Jasmin Schuller направи серијал од месни производи маскирани како колачиња, торти и сладоледи...
Инспирирана од вегетаријанските варијанти како мисирка од тофу, таа решила да ја сврти приказната од другата страна сервирајќи десерти направени од месо со маст наместо шлаг, крв како замена за прелив и парчиња од свинско срце во улога на црешки.
Користејќи најразлични кујнски алатки за да ги добие посакуваните форми со серијалот Sweet meat Schuller покажува дека добриот фотограф не треба да се потпира на фотошоп како свој главен
помошник.
Па, како се чувствувате? Гладни или згрозени?
З.П. | Црнобело