Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Маск

„Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобрите маси во најелитните дискотеки, со Парис Хилтон и Леонардо ди Каприо. Но, целиот сјај не можеше да прекрие нешто многу важно – Илон беше опседнат со работата“, има изјавено првата сопруга на Илон Маск, Џастин.

prvoto-dete-im-pochina-se-vencha-so-druga-zhena-6-nedeli-po-razvodot-detali-za-prviot-brak-na-ilon-mask-01.jpg

Зад себе, Илон Маск има три неуспешни бракови, од кои два со истата жена.

Воедно, тој е и татко на 12 деца, кои ги има добиено од три различни жени.

Пет од овие деца доби со првата сопруга Џастин Маск, со која и најдолго бил во брак.

Џастин всушност роди шест деца од милијардерот, но едно од нив почина на само 10-месечна возраст.

Неколку детали за првиот брак на Илон Маск и Џастин:

Џастин студирала на Универзитетот Квинс во Онтарио, Канада кога го запознала Илон. И тој студирал на истиот факултет и бил една година постар од неа.

„Илон беше дечко од високата класа со јужноафрикански акцент кој еден ден ме застана пред интернатот и ми рече дека сме се запознале на забава на која сум сигурна дека не присуствував.

Неколку години подоцна ми призна дека ме забележал во читалната и посакал да ме запознае“, има изјавено Џастин.

prvoto-dete-im-pochina-se-vencha-so-druga-zhena-6-nedeli-po-razvodot-burniot-prv-brak-na-ilon-mask-10.JPG

Тој ја поканил на сладолед и иако таа прифатила, потоа го откачила оствајќи му порака пред нејзината студентска соба.

Сепак, Илон не се откажувал, па решил да ѝ купи сладолед и да ѝ го однесе.

Џастин има изјавено дека иако Илон бил упорен, таа сепак не била единствената жена која пробувал да ја освои.

По некое време, Џастин сепак се согласила да отиде на ручек со него, излегле неколкупати, но откако дипломирала, извесен период не биле во контакт.

„Се сеќавам дека една ноќ ѝ реков на сестра ми дека ако ми се јави Илон, ќе му дадам шанса. И, ми се јави една недела подоцна“.

prvoto-dete-im-pochina-se-vencha-so-druga-zhena-6-nedeli-po-razvodot-burniot-prv-brak-na-ilon-mask-07.JPG

Овој период, Џастин бил во Онтарио, а Илон во САД, каде работел на неговата прва компанија Zip2. И, практично почнале врска на далечина, но Џастин редовно го посетувала.

Две години подоцна, во 1999 година, тие веќе биле свршени и ја планирале свадбата.

„Прво бев во врска со 20-годишен надежен бизнисмен, потоа одеднаш бев свршена со богат бизнисмен.

Илон ја продаде компанијата и преку ноќ заработи 20 милиони. Купи и реновира огромна куќа за нас.

Купи и спортски автомобил вреден милион долари, како и мал авион.

Нашето секојдневие не се промени многу, но богатството на Илон се чинеше како нешто апстрактно и нереално, низа со многу нули која постои на некое чудно место“, има изјавено Џастин.

prvoto-dete-im-pochina-se-vencha-so-druga-zhena-6-nedeli-po-razvodot-burniot-prv-brak-na-ilon-mask-6.JPG

Пред да ја побара за жена, Илон дури и се шегувал дека ќе ја остави за некој супермодел, но на крај наместо тоа, ја изненадил со свршенички прстен.

Додека се спремале за свадбата, Илон веќе бил дел од PayPal и богатството значително му се зголемувало.

Па, два месеца пред да се венчаат, од Џастин побарал да потпише „финансиска спогодба“.

prvoto-dete-im-pochina-se-vencha-so-druga-zhena-6-nedeli-po-razvodot-burniot-prv-brak-na-ilon-mask-03.JPG

Тогаш ѝ рекол дека не станува збор за предбрачен договор, туку за документ што го барале кај него од фирма.

„Тогаш не знаев што значи тоа, немав ни време да истражувам за договорот и да сфатам дека воопшто не е во моја полза.

Тогаш му верував на свршеникот – зошто инаку би се венчала со него? Мислев дека сме сродни души, дека никогаш нема да се разведеме“.

wp5227257-elon-musk-desktop-wallpapers-scaled-e1608467414545.JPG

Илон избегнува да зборува за првиот брак, но Џастин тврди дека почнал да ги гледа предупредувачките знаци уште на денот на свадбата.

Имено, додека танцувале, Илон ѝ рекол дека тој е главниот во врската, а со текот на времето таа сфатила дека не се шегува со изјавата.

„Додека бевме во брак Илон постојано ме критикуваше и во една пригода му реков дека јас сум му сопруга, а не негова вработена.

На ова, ми одговори дека ако сум му била вработена, ќе ме отпуштел“.

prvoto-dete-im-pochina-se-vencha-so-druga-zhena-6-nedeli-po-razvodot-burniot-prv-brak-na-ilon-mask-8.JPG

Во 2002 година, им се родило првото дете – синот Невада Александар. Но, кога наполнил 10 месеци, починал.

Џастин го оставила да спие, но забележала дека не дише. Додека да стигне брзата помош, бебето долго време било без кислород и не покажувало мозочна активност.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg