Зошто се нарекува Даунов синдром + како биле третирани лицата со нарушувањето во минатото?

Лицата со попреченост, воедно и оние со Даунов синдром, порано биле затворани во институции со мизерни услови. Но, доктор Џон Даун од Англија решил да трансформира една ваква установа, со тоа станувајќи пионер во медицинската нега за луѓе со попреченост. Денес, пак, Дауновиот синдром го носи неговото име.

zoshto-se-narekuva-daunov-sindrom-kratka-istorija-na-narushuvanjeto-01.jpg

Дауновиот синдром е генетско нарушување предизвикано од вишок хромозом.

Обично, децата наследуваат по 23 хромозоми од секој родител, односно вкупно 46. Кај лицата со Даунов синдром, има еден хромозом плус.

Иако не постои лек за нарушувањето, со соодветна едукација на родителите на деца со Даунов синдром, но и на луѓето воопшто, на овие лица може да им се обезбеди среќен и исполнет живот.

zoshto-se-narekuva-daunov-sindrom-kratka-istorija-na-narushuvanjeto-04.JPG

Лицата со Даунов синдром скоро секогаш имаат физичка и интелектуална попреченост, кои варираат.

Некои без проблем завршуваат средно, дел од нив и факулет, а потоа се и способни да работат.

Од друга страна, на некои им треба дополнителна поддршка во образованието и подоцна во животот.

Лицата со Даунов синдром можат да имаат зголемен ризик од разни здравствени проблеми, па редовните прегледи и консултации со лекар се клучни.

Иако денес повеќето со Даунов синдром можат да водат релативно нормален живот, во минатото, пред да се знае нешто за нарушувањето, се наоѓале во многу полоша ситуација.

zoshto-se-narekuva-daunov-sindrom-kratka-istorija-na-narushuvanjeto-8.JPG

Неколку детали за историјата на Дауновиот синдром:

Џон Ленгдон Хејдон Даун бил Британски лекар кој прв го опишал и класифицирал нарушувањето.

А, оттаму и неговото име – Даунов синдром.

Благодарение на неговата работа, тој станал пионер во медицинската нега на лица со попреченост.

zoshto-se-narekuva-daunov-sindrom-kratka-istorija-na-narushuvanjeto-9.JPG

Роден во 1828 година во Корнвол, Англија, Џон почнал да работи за Кралската болница во Лондон додека бил студент.

Во долгата кариера, добил бројни признанија и награди, и тоа уште пред да се фокусира на Дауновиот синдром.

Десет години работел и во ментална институција, а тој период, овие установи биле како од хорор-филм.

Користејќи го своето искуство, Џон Даун одлучил да ја трансформира менталната институција Earlswood во Англија и да ја претвори во место каде што пациентите навистина ќе се лекуваат.

zoshto-se-narekuva-daunov-sindrom-kratka-istorija-na-narushuvanjeto-11.JPG

Дотогаш, пациентите во установата биле чувани во мизерни услови – спиеле во валкани ќелии и честопати биле казнувани со тепање и врзување.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg