10 животни заповеди

10-zivotni-zapovedi-povekjeОсвен потсетникот кој ви стои на масата или на фрижидерот со магнет, да купите леб, млеко, да платите некоја сметка, да се јавите кај пријателите...


...убаво би било секојдневно да се потсетувате на мали совети за поубав живот.

Ние ги нарековме животни заповеди затоа што веруваме дека на секому добро ќе му дојдат.

Веќе се најдоа на нашиот ѕид:

1. Не сум совршен, ниту пак ќе се трудам да бидам совршен. Светот не ги вреднува перфекционистите, туку луѓето кои си ги завршуваат своите работи.

2. Не можам да угодам на секому, ниту пак ќе се трудам да го направам ова. Не е важно колку луѓе не те разбираат, важно е колку од луѓето те разбираат.

3. Ќе учествувам во нешто во што верувам. Ова може да биде било што, а сигурно ќе ми донесе среќа во животот.

4. Ќе поставам приоритети и ќе ги правам прво важните работи. Ова е единствен начин за да ги остварам целите.

5. Внимателно ќе ги одбирам пријателите. Тие се семејството кое сами го бираме. Ни овозможуваат да бидеме онакви какви што навистина сме.

6. Кога можам ќе им помогнам на другите. Човекот го добива она што го дава од себе, од срце. Колку повеќе помагаш на другите, толку ќе ти се враќа.

7. Ќе се фокусирам на позитивни нешта. Умот мора да верува дека може да направи нешто, пред да го направи истото. Треба да се фокусираме на позитивни работи без оглед на проблемите кои не окружуваат.

8. Можам да бидам само она што сум. Подобро е да бидам првокласна верзија на себе си отколку шкарт верзија на некој друг. Убавината е во тоа да се биде свој.

9. Ќе уживам во секој момент. Нема да мислам на минатото и иднината и ќе живеам во сегашноста. Нема да го пропуштам животот.

10. Животот никогаш не е подобар или полош, тоа е само нашата перцепција за нештата. Светот околу нас се менува кога ние се менуваме. Наш е изборот дали тие промени ќе бидат позитивни или негативни.

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Колку брзо (и драстично) ни се промени животот? Се сеќавате ли дека порано чекавме цела недела за да изгледаме нова епизода од о...
Најлошите работи околу стареењето (кои најверојатно никој не ви ги кажува) „Чувството како времето минува и има шанси да не успеете да отпатувате на местат...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
18 ѕвезди кои ќе изгледаа невпечатливо ако наместо сини имаа кафеави очи (фото) Од Бред Пит, преку Бредли Купер до Мајли Сајрус - како ќе изгледаа познатите со ...
Совети за безгрижно и безбедно пливање за време на менструалниот циклус Не носете влошки додека пливате. Со пливањето се намалува способната на тампонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg