Работи што не треба да ги правите во хотел – персоналот ги смета за неучтиви
Им поставувате лични прашања на вработените и барате некој од персоналот да ви завршува лични обврски.
Кога сме во хотел, сакаме максимално да се опуштиме, но сепак треба да следиме и некои правила.
Вработените во хотелот секогаш ќе бидат љубезни со нас, ама ова не ни дава дозвола да правиме сè што сакаме.
Неколку работи што персоналот во хотел ги смета за неучтиви:
Сами си земате што ви треба од количките на хигиеничарите
Ако ви треба сапун, тоалетна хартија, крпа и слично, немојте сами да се услужувате од количката на хигиеничарите бидејќи не е учтиво.
Прво прашајте, а тие сигурно нема да ве одбијат.
Оставате валкани садови пред влезната врата
Иако можеби мислите дека помагате, не му ја олеснувате работата на персоналот кога оставате валкани садови пред врата.
Притоа, ова го нарушува изгледот на ходникот, а и не е хигиенски.
Ако ви донеле храна до собата, секогаш можете да се јавите на рецепција за да ги земат садовите.
Им помагате во чистењето
Постелнината во хотелите не се менува секој ден, па немојте да вадите чаршафи и навлаки и да ги фрлате на земјата, со помисла дека ќе помогнете.
Ако навистина ви треба чиста постелнина, кажете на рецепција.
Исто така, нема потреба да пребришувате и слично пред да ја напуштите собата, бидејќи по вас хигиеничарките секако ќе исчистат.
Криете бакшиш низ собата
Ако го ставате бакшишот на некое скришно место, кога хигиеничарките ќе го најдат, ќе помислат дека сте ги заборавиле парите и ќе ги однесат на рецепција, во случај да се вратите по нив.
Многу подобро е да го ставите на видно место, со порака дека е бакшиш.
Можете да го ставите и во плико на рецепција, потпишано со бројот на вашата соба.