8 музеи низ Европа што секој треба да ги види барем еднаш во животот

Прадо, Мадрид

Музејот Прадо во Мадрид е всушност уметничка галерија, односно главниот фокус му е уметноста, особено шпанската.

Овде ќе видите дела од европски уметници кои датираат од 12-тиот, па сè до 20-тиот век.

Меѓу најпознатите се делата на Франциско Гоја, но и Диего Веласкез.

Тејт, Лондон

Познат и како Tate Modern, Тејт претставува галерија за модерна уметност.

Ова е најпосетуваната уметничка галерија во светот и овде можете да видите дела од британски артисти кои датираат од 1900-та, па сè до денес.

View this post on Instagram

A post shared by JournalOf2Girls 👯‍♀️ (@journal_of2girls)

Ватикански музеи, Ватикан

Ватикански музеи се однесува на голем комплекс во Ватикан каде се изложени експонати собирани од Католичката црква, а дел од него се и цели градби.

Колекцијата на музејот брои околу 70.000 експонати, од кои изложени се околу 20.000.

Овде можете да ги видите и најважните дела од ренесансната уметност, тронот на папата, како и таванот на Сикстинската капела која е во склоп на комплексот.

Куќата на Ана Франк, Амстердам

Ана Франк била еврејско девојче од чиј дневник дознавме многу за животот на евреите во периодот од Втората светска војна.

Таа и семејството скоро две години се криеле во таван од куќа во Амстердам, но, за жал, биле најдени и однесени во логор.

Татко ѝ е единствениот преживеан и токму тој го издава нејзиниот дневник.

Куќата на Ана Франк е музеј каде што може да се види таванот во кој се криело семејството, како и други експонати поврзани со краткиот живот на девојчето.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Артист од Холандија прави забавни уметнички инсталации низ Амстердам (фото) Френк де Руве e уличен уметник од Амстердам кој работи под називот „Френки“ и се...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала Телефоните се строго забранети, а гостите не смеат да ја одбијат поканата – во с...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес Колосеумот во Рим, храмот на Кукулкан во Мексико – ширум светот постојат бројни ...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg