Првата личност зачната со ин витро се родила во 1978 година – Зошто јавноста ги критикувала нејзините родители?

Луис Џои Браун, родена во 1978 година, е првата личност во светот која е зачната со ин витро, односно асистирано оплодување. Иако нејзиното раѓање направило револуција во медицината, поради незнаење, нејзините родители биле критикувани од јавноста, а дури добивале и закани.

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-zoshto-javnosta-gi-kritikuvala-nejzinite-roditeli-01.jpg

Асистираното оплодување, познато и како ин витро, е процедура која денес им помага на бројни луѓе кои имаат проблеми со плодноста да добијат дете.

Бидејќи станува збор за комплицирана процедура, можеби ќе ве изненади фактот дека експертите работат на неа уште пред половина век.

Првата успешна ин витро процедура на животно била направена во 1959 година.

Во 1978 година, пак, се родило првото човечко бебе зачнато со помош на ин витро.

Оттогаш, процедурата е усовршена и се проценува дека со нејзина помош се родени над осум милиони луѓе.

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-kade-e-i-shto-pravi-denes-04.JPGЛуис - првата личност родена со ин витро

Во продолжение, неколку детали за првата личност родена со ин витро:

Луис Џои Браун е првата личност која е зачната со помош на ин витро.

Нејзината мајка – Лесли – не можела да забремени бидејќи нејзините јајцеводи биле блокирани.

Со сопругот Џон, цели девет години се обидувале да добијат дете и, на крај, одлучиле да ја пробаат експерименталната процедура ин витро.

Лесли била една од 282 жени кои се согласиле да бидат дел од експериментот.

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-kade-e-i-shto-pravi-denes-06.JPGРодителите на Луис по нејзиното раѓање

За потребите на студијата, научниците зеле дури 457 јајцеклетки од жените, но успеале да направат само 167 ембриони.

Од овие ембриони, 12 биле успешно имплантирани, но само 5 резултирале со бременост.

Од петте жени, само Лесли родила живо дете и ќерка ѝ Луис станала првата личност родена со помош на ин витро.

Луис се родила на 25-ти јули 1978 година, во болница во Англија.

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-kade-e-i-shto-pravi-denes-09.JPGЛуис со родителите

Едниот од лекарите кој работел на процедурата – Роберт Г. Едвардс – во 2010 година доби Нобелова награда за медицина за неговиот развој на процедурата.

Четири години подоцна, мајката на Луис родила уште едно девојче – Натали Браун – исто така со асистирано оплодување.

Раѓањето на Луис било еден од најголемите достигнувања во медицината во 20-тиот век, но интересно е што било дочекано и со критики.

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-kade-e-i-shto-pravi-denes-14.JPGЛуис со родителите во емисија

Јавноста, која тогаш не знаела што точно претставува процедурата, била исплашена, додека британските таблоиди го зголемувале стравот, пишувајќи дека со ин витро ќе се раѓаат „Франкенштајн бебиња“.

Кога Џон отишол во болница да ги види сопругата и ќерка му, морал да биде придружуван од полицијата.

Кога, пак, парот и ќерка им биле пуштени дома, улиците околу нивниот дом биле блокирани од стотина новинари кои предизвикале хаос.

Подоцна, за овој настан, Лесли има изјавено:

„Ми изгледа како моето раѓање да го разбуди најлошо кај британските репортери“.

prvata-lichnost-zachnata-so-in-vitro-se-rodila-vo-1978-godina-kade-e-i-shto-pravi-denes-03.JPGДел од медицинскиот тим во болницата каде што се родила Луис

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg