Најзначајните и најубавите скулптури од минатото кои треба да ги знаете од општа култура
Покрај мистичната сфинга во Гиза и статуата на Венера, односно Афродита, во Лувр, постојат и други значајни скулптури кои би требало да ги знаете.
Со милениуми наназад, луѓето правеле скулптури и споменици – некогаш за да прикажат дел од секојдневието, некогаш како посвета на моќни и влијателни личности, а некогаш за да прикажат сцена од мит или друга приказна.
Безброј скулптори направиле безброј скулптури и невозможно е да ги знаете сите.
Сепак, некои се истакнале со својата значајност и треба да ви се познати.
Дел од најзначајните скулптури за кои треба да знаете:
„Порта на пеколот“ (La Porte de l’Enfer) – Огист Роден
Целото дело на Роден претставува сцена од „Пеколот“ на Данте Алигиери.
Скулптурата е висока 6 метри, а има ширина од 4 метри и е сочинета од 180 фигури.
Роден почнал да работи на скулптурата во 1880-тите и постојано ја доработувал, сè до неговата смрт во 1917 година.
Оригиналната скулптура се наоѓа во музејот Орсе во Париз.
„Мислителот“ (Le Penseur) – Огист Роден
Популарната бронзена скулптура на скулпторот Роден е направена во 1904 година.
Првично, скулптурата била наречена „Поетот“ и всушност требала да биде дел од „Порта на пеколот“.
Според некои толкувачи, Роден сакал да го претстави Данте пред портите од пеколот кој размислува за неговата позната поема.
Некои критичари, пак, ја гледаат скулптурата како автопортрет на уметникот.
Првиот модел за скулптурата бил мал, за да може да се вметне во „Порта на пеколот“, но крајното ремек-дело е високо околу 180 сантиметри.
Оригиналот се наоѓа во музејот Роден во Париз.
„Милоска Венера“ (Venus de Milo)
Античката скулптура, позната и како „Афродита од Милос“, е една од најпознатите од древна Грција.
Не е познато кој ја направил мермерната скулптура, а се претпоставува дека е потекнува од вториот век пред нашата ера.
Критичарите веруваат дека скулптурата ја претставува грчката божица на љубовта, Афродита, која римјаните ја викале Венера.
На статуата висока 2 метра ѝ недостасуваат двете раце и денес се наоѓа во музејот Лувр.
Откриена е во 1820 година, на грчкиот остров Милос.
„Давид“ (David) – Микеланџело
Статуата на Микеланџело е можеби најпознатото дело од периодот на ренесансата.
Мермерната скулптура е висока дури 5,17 метри, а Микеланџело ја правел од 1501 до 1504 година.
Го претставува библискиот крал Давид, кој во ренесансата станал симбол за борбата за граѓанската слобода во Фиренца.
Всушност, тој период, уметниците од Фиренца честопати го вметнувале Давид во своите дела.
Денес можете да ја видите статуата во Галерија на Академијата во Фиренца.
Теракотна војска
Теракотна војска е колекција статуи од теракота кои ја претставуваат војската на првиот цар на Кина.
Статуите биле направени за неговата гробница, за да го штитат во задгробниот живот по смртта.
Најстарите датираат од доцните 200-ти години пред нашата ера, а колекцијата ја сочинуваат статуи на воини, како и коњи и кочии.
Колекцијата првпат беше откриена во 1974 година, а ја сочинуваат над 8.000 статуи.
Најголемиот дел од статутите, кои се прогласени за светско наследство од страна на УНЕСКО, се наоѓаат во близина на Мавзолејот на првиот цар Чин во Кина.