Секси келнерка во мало италијанско место
Laura Megi (34) е сопственичка на кафулето "Le Cafe" кое се наоѓа во италијанското гратче Banjolo Mela. Освен со доброто кафе таа почна да ги привлекува...
...муштериите и со топлес, што не им се допаѓа на италијанските домаќинки.
Гостувајќи во емисијата "This Morning" Megi изјавила дека не гледа во што е проблемот, бидејќи во прашање е „само забава“.
Атрактивната бринета е сопственичка на локалот веќе осум години, но од неодамна едносмерната улица во која се наоѓа кафулето е блокирана со автомобили и ретко има слободно место во локалот.
Тајната на посетеноста е провокативното облекување на сопственичката, кое ги нервира италијанските домаќинки, па тие им забрануваат на своите мажи да пијат кафе во локалот на Megi.
„Ако мажите доаѓаат во кафулето, што можам јас тука? Знам дека вознемирив многу жени, но тоа не е мој проблем. Не сум крива што тие сакаат да дојдат во моето кафуле на пијалак“, рекла сопственичката на кафулето во кое доаѓаат мажи и од места оддалечени и по 100 километри.