Места нa кои не треба да зборувате на телефон (и зошто)
Среде хаосот што владее во градските автобуси, никој не сака да го слуша и вашиот телефонски разговор. Aко сепак е нешто итно, тогаш зборувајте тивко и завршете со разговорот што е можно побрзо.
Телефоните се неизбежен дел од нашето секојдневие.
Но, веројатно бидејќи ги користиме многу често, понекогаш забораваме на некои бонтон правила.
Неколку места на кои е неучтиво да зборувате на телефон, особено на цел глас:
Додека купувате во продавница
Во ред е ако треба итно да се јавите некаде, но избегнувајте ги долгите телефонски разговори во продавница.
Можеби нема да пречите со зборувањето, но разговорот дефинитивно ќе ви го одвлече вниманието.
Ова значи дека додека сте на телефон, поверојатно е да застанете пред некоја полица или да блокирате некој дел од продавницата со вашата количка.
И, со тоа им го отежнувате пазарењето на другите луѓе.
Во ресторан
Ако сте во ресторан со друштво, не е учтиво да разговарате на телефон додека сте на масата.
А, дури и ако сте сами, сигурно никој во ресторанот не сака да го слуша вашиот телефонски разговор.
Ако треба направите итен повик, тогаш е во ред, но нека биде краток.
Ако треба да зборувате подолго, тогаш излезете надвор.
Во спа-центар
Луѓето одат во спа-центар за да се релаксираат.
Па, вашето зборување на телефон сигурно ќе им пречи.
Во јавен превоз
Во градските автобуси скоро секогаш е хаос, но не мора да ја влошувате ситуацијата со гласно зборување на телефон.