Места нa кои не треба да зборувате на телефон (и зошто)
Во болница
Докторите и медицинските сестри и онака цел ден се справуваат со метеж, па не мора да им отежнувате и вие.
Покрај тоа, зборувањето на телефон може да им пречи и на пациентите на кои им треба мир.
Во канцеларија
Се разбира, ова зависи од тоа во каква фирма работите.
Ако главно работите на компјутер и на колегите им треба концентрација, доколку треба да зборувате н телефон, излезете надвор или одете во друга просторија.
На погреб
Со зборувањето на телефон, само покажувате непочитување кон починатата личност и нејзините блиски.
Додека возите
Сигурни сме дека веќе го знаете ова правило, но вреди да се повтори бидејќи многумина не го почитуваат.
Кога возите, целиот фокус треба да ви биде на возењето. Во спротивно ја загрозувате ваша, но и безбедноста на сите во сообраќајот.
Спирова С. | Црнобело