14 типови на манипулатори кои ве искористуваат без да сте свесни, низ илустрации
Замислете дека некој ви нуди услуга, но знаете дека потоа ќе очекува да му се оддолжите… Дали тоа е добро дело, или пак, личноста ве манипулира за да извлече сопствени интерес?
Понекогаш многу е тешко да се направи разлика меѓу добрите дела што луѓето ви ги нудат и класичната манипулација, а ако добро ги знаете нивните тактики, тогаш лесно можете да избегнете да станете жртва на оние што се обидуваат да извлечат сопствена корист од вас.
Погледнете какви типови на манипулатори постојат и како да се заштитите:
Емотивни манипулатори (уценувачи)
Тие се обидуваат да ги искористат емоциите на партнерот или блиската личност за да извлечат некаква корист.
Фразата во стилот: „Ако ме сакаш, ќе го направиш тоа“ е наменета за да направи да чувствувате грижа на совест и да се почувствувате должни дека мора да го направите тоа што го бара од вас.
Во таквите врски, тој што е манипулиран, постојано смета дека треба да внимава, а по секој конфликт се чувствува виновно, и не, не се сомнева во емоциите на партнерот, туку во самиот себе и се прашува дали не ја дал потребната поддршка и љубов.
Најчесто кога сте во врска со ваков манипулатор, ја губите самостојноста и секогаш приоритет им давате на потребите на манипулаторот, а не на вашите.
Манипулатори кои глумат беспомошност
Многу често манипулаторите може да глумат беспомошност и незнаење, со цел вам да ви ја префрлат нивната одговорност и обврски.
Најчесто жените се користат со оваа тактика, но не значи дека не може да се забележи и кај мажите.
Ако забележите вакво однесување, најдобро е да научите да им кажете „не“ и да не дозволите да ви ја злоупотребуваат добрината за нивните себични потреби.
Манипулатори кои се вадат со паметни игри со зборови
Многу често може да се случи со некого да имате недоразбирање, но паметните манипулатори често размислуваат како да ги склопат речениците, за потоа лесно да може да се извлечат од одговорност и да не мора да го оправдуваат своето однесување.
Кога ќе им се спротивставите веднаш ви одговараат дека не сте ги разбрале, а добро би било да научите да не им дозволите лесно да побегнат од одговорност.
Изолатори
Овие манипулатори често може да се забележат во љубовните врски. Партнерот кој се служи со ваков тип манипулации, најчесто се обидува да ја изолира саканата личност од сите пријатели, роднини и блиски луѓе.
Често велат дека тоа го прават од љубов и загриженост, па бараат партнерот да го прекине контактот со луѓето што не му требаат.
Ако забележите вакво однесување, неопходно е веднаш да се спротивставите и да не дозволите да бидете жртва.
Манипулатори кои од вас бараат невозможни ветувања
Колкупати ви се случило да дадете избрзани ветувања под притисок, а потоа да сфатите дека не сте во можност да ги реализирате?
Манипулаторите често знаат да ви создаваат притисок да им ветите нешто, а потоа да ве натераат да се чувствувате виновни ако не сте во можност да им го остварите.
Следен пат кога некој бара од вас набрзина да му ветите нешто, размислете добро што може да се крие зад таквиот притисок.
Родители манипулатори
Може да биде многу тешко да забележиме дека родителите сакаат да манипулираат со нас, но ако забележувате дека тие се тука за да ги наметнат своите ставови или ви се мешаат во животните одлуки, тогаш е јасно дека станува збор за манипулација.
Мора да научите како да застанете во одбрана на сопствените ставови и да им дадете јасно до знаење до каде ви се границите.
Манипулатори кои глумат жртви
Тие секогаш глумат жртви и беспомошни, а целта им е да ги освојат симпатиите и на тој начин да ги контролираат луѓето околу себе.
Со тоа што глумат жртви, фокусот се префрла врз нивното страдање, па другите се чувствуваат одговорни да им помогнат за да бидат среќни и да се чувствуваат добро.
Исто така, на овој начин често знаат да ги манипулираат другите за да им ги завршат задачите и да им ги задоволат потребите.
Мора да поставите јасни емотивни граници за да се заштитите од постојаната негативност на ваквите манипулатори и да не дозволувате да ја злоупотребат вашата емпатија.