Банани во чоколадо
Овошјето и чоколадото се одлични сојузници и може да ви помогнат да ја разубавите романтичната вечера или едноставно да ги израдувате...
...најблиските со интересен, а едноставен десерт.
Ако уживате во овошје со чоколадна обвивка не треба да очајувате што не е сезона на јагоди. Бананите се еднакво блиски пријатели со сите видови чоколадо :)
- Растопете 200-250 грама чоколадо за готвење, по желба додадете и лажица-две млеко. Најдобро е да го топите на пареа ставајќи го металниот сад со чоколадо над тенџерче со врела вода.
- Исечете ги бананите на половинки или третинки.
- Вметнете (дрвено или пластично) стапче во секое парче банана и тркалајте го овошјето во чоколадото додека сосема не се покрие.
- Посипете ја секоја банана со ситно сецкани ореви, лешници, бадеми, кокос или мрвици. По желба може да користите бело чоколадо или да додадете уште некоја арома во растопеното чоколадо.
Наредете ги на чинија обложена со масна хартија и оставете ги да се оладат во фрижидер најмалку 20 минути.
Во фрижидер може да се чуваат и неколку дена.
За поситни парченца може да користите чепкалки, а за подолги стапчиња за ражничи.