Оброк во Њујорк
Во серијалот Dinner in NY фотофрафот Miho Aikawa го анализираше односот кон храната во Големото јаболко. Тој напоменува дека насловниот термин...
...dinner упатува на главниот оброк во денот, а одговорот што се обидува да го пронајде е - што е квалитетен оброк?
Ручекот или вечерата не се само внесување храна, тие покажуваат и многу други аспекти од нашето живеење.
Тој открил дека најголем дел од луѓето јадат додека се сконцентрирани на нешто друго, па нудејќи слики од туѓите навики сака да ги поттикне гледачите објективно да го разгледаат чинот на главниот дневен оброк и да се обидат повеќе да уживаат во него.
„Ајде да размислиме што можеме да направиме за да го зголемиме уживањето на трпезата“, повикува Miho кој смета дека оние на кои чинот на јадење им причинува задоволство всушност и се хранат поквалитетно.
Пред телевизор, пред компјутер, на работа, во ресторан, сами дома, со семејството, во кујна, во дневна...
Каде вообичаено јадете вие?
З.П. | Црнобело