Како „од око“ да познаете дали намирниците се свежи пред да ги купите или употребите?

Модар домат

Кај модриот домат и кај другите зеленчуци најдобро е секогаш да обрнете внимание на зелените делови.

Ако зелениот дел на модриот домат станал кафен, тоа е сигурен знак дека производот не е свеж и подобро е да го фрлите.

kulinarski-tajni-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-za-vashite-specijaliteti-07.jpg

Путер

Ако не го искористите путерот, можете да го замрзнете и така може да стои 9 месеци. Но, по одмрзнувањето добро е да внимавате на мирисот и вкусот - расипаниот путер има тежок и кисел вкус.

Исто така, можете да отсечете едно парче за да се осигурате дека тој сѐ уште е безбеден за консумирање.

Ако внатрешноста на путерот е посветла од надворешниот дел, тоа најверојатно значи дека тој оксидирал и не е добар.

kulinarski-tajni-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-za-vashite-specijaliteti-08.jpg

Јапонски јаболка

Кога бирате јапонски јаболка што сакате веднаш да ги јадете, изберете ги оние што се меки и изгледаат дека веќе се во фаза на расипување.

Цврстите јапонски јаболка обично ја собираат устата и ќе треба да чекате неколку дена за да созреат.

kulinarski-tajni-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-za-vashite-specijaliteti-06.jpg

Остриги

За да се осигурате дека остригите се вкусни обрнете внимание на нивната боја и на мирисот.

Кај свежите остриги е видливо месото во светкава беж боја, но и нивната сочност.

Остригите што стоеле подолго време обично изгледаат посуво и имаат јак мирис на риба.

kulinarski-tajni-za-od-oko-da-gi-izberete-najsvezhite-proizvodi-za-vashite-specijaliteti-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg