Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме
Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите стереотипи за мажите и жените во кои треба да престанеме да веруваме.
Стеротипите за мажите и жените постоеле отсекогаш, но тоа не значи дека треба да веруваме во нив.
Не се сите мажи исти и не се сите жени исти, а стеротипите и за двата пола можат да бидат мошне навредливи.
Кои стереотипи е време да ги заборавиме?
Жените се среќни само како домаќинки, додека за мажите најважна е кариерата
Некои жени се среќни како домаќинки и сакаат целосно да му се посветат на семејството.
Од друга страна, за некои жени поважна е кариерата и таа им е главниот фокус во животот.
А, и двете се сосема во ред, сè додека имаат слобода да избираат на што ќе се посветат.
Истото важи и за мажите – некои сакаат да ѝ се посветат на кариерата, додека други се посреќни ако најмногу се фокусираат на семејството.
Мажите не знаат да се грижат за децата
Уште постои верувањето дека мажите се неспособни родители. Некогаш дури и самите веруваат во тоа, па воопшто не им помагаат на партнерките во грижата за децата.
Во реалноста, мажите се мошне способни да бидат добри родители. А, на детето му се потребни и мајката и таткото за да биде среќно.
Жените не знаат да возат
Способноста за возење воопшто не зависи од полот.
Постојат жени кои се одлични возачи, како и мажи кои се ужасни зад волан.
Жените никогаш не се директни
Ова е многу погрешно верување за жените.
Женте го кажуваат тоа што го мислат и не зборуваат двосмислено за да манипулираат или што уште не.
Секако, постојат луѓе кои го прават и тоа, но ова не зависи од нивниот пол.
Единствената цел на жените е да станат мајки
Според овој стереотип, секоја жена уште од најрана возраст сонува да стане мајка и тоа е нејзината најголема желба. Но, и ова не е воопшто точно.
Постојат жени кои сакаат да станат мајки и едвај го чекаат тој миг, но постојат и жени кои не сакаат да родат деца (или барем не во периодот кога другите го сметаат тоа за нив како правилно).