Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijacking of Flight 601
Додека траело киднапирањето, авионот слетал на неколку локации каде што киднаперите наредиле промена на стјуардесите и пилотите. Истовремено, постепено ги ослободувале патниците.
Сцена од серијата
Според медиумските записи, авионот прво слетал на аеродром во Аргентина, но останал на земја само неколку минути.
Сепак, во овие неколку минути дел од патниците и екипажот се симнале од авионот.
Наводно, авионот слетал неколкупати – во Аруба, Еквадор, Лима и повторно Аргентина – а секојпат киднаперите дозволувале да слезат по неколку патници.
Авионот трипати слетал во Аруба, а по последното полетување оттаму, внатре останале 11 патници и дел од екипажот.
Сцена од серијата
Сето ова се случувало во период од два дена, а во текот на третиот ден, авиокомпанијата им понудила на киднаперите 50.000 долари.
Авионот лутал наоколу уште некое време и пред да слета последен пат, внатре останале 14 луѓе и киднаперите.
По ова, авионот слетал во Аруба каде што киднаперите ги добиле парите од авиокомпанијата, ослободиле уште неколку патници и побарале замена на пилотот. Па, повторно полетале.
Сцена од серијата
Според записи од локалните медиуми, авионот конечно слетал во Аргентина на 3-ти јуни, повеќе од 60 часа од киднапирањето.
Киднаперите скокнале од авионот и избегале од аеродромот со парите.
Со ова завршила „авантурата“ на киднаперите и патниците кои поминале растојание од најмалку 19.000 километри додека летале од едно место на друго.
Сцена од серијата
Според патниците во авионот, киднаперите воопшто не спиеле во текот на киднапирањето и воопшто не ги извадиле маските од нивните лица.
Веќе спомнавме дека киднаперите се претставиле како дел од левичарска група која барала да се ослободат затвореници.
Сцена од серијата
Сепак, властите биле уверени дека немале никаква поврзаност со групата и всушност биле фудбалери од Парагвај. А, единствената цел им била да изнудат пари.
Една недела по инцидентот, полицијата во Парагвај соопштила дека уапсила еден од киднаперите, додека не е познато што се случило со другиот и дали некогаш воопшто бил фатен.
Спирова С. | Црнобело