Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijacking of Flight 601
Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе постават бомба во него доколу не добијат голема сума пари. Целата „авантура“ траела скоро три дена, а во тој период авионот поминал над 19.000 километри. Која е вистинската приказна зад новата серија на Нетфликс?
На 10-ти април годинава на Нетфликс почна да се емитува серијата The Hijacking of Flight 601 која веднаш стана хит.
Во серијата, двајца мажи киднапираат авион со околу 80 патници кратко по полетувањето од Колумбија и се закануваат дека ќе детонираат бомба во него.
Киднаперите бараат колумбиските власти да ослободат неколку политички затвореници, како и голема сума пари.
Но, знаевте ли дека морничавиот трилер е снимен според вистинска приказна?
Настанот опишан во серијата е едно од најдолгите киднапирања на авион – киднаперите ги држеле патниците и екипажот во заложништво повеќе од 60 часа.
Што точно се случило?
Авионот полетал од Богота, Колумбија, на 30-ти мај 1973 година, а речиси веднаш по полетувањето, двајца мажи кои биле внатре извадиле оружје и најавиле дека го киднапираат авионот.
Во тој момент, внатре имало околу 80 патници, како и авионскиот екипаж.
Сцена од серијата
Киднаперите побарале ослободување на неколку политички затвореници, како и 200.000 долари.
Тие изјавиле дека се дел од левичарка група во Колумбија, позната како Армија за национално ослободување.
Сепак, според медиумите што го покривале случајот, поверојатно е дека биле обични цивили кои само сакале да изнудат пари.
Сцена од серијата
Наводно, мажите потоа го зголемиле барањето на дури 400.000 долари, пред да го намалат на 170.000.
Истовремено, сакале авионот да слета во Куба, но не добиле дозвола за тоа. Тогаш едниот од мажите почнал да се заканува дека ќе убие една од стјуардесите доколку не ги слушаат.
Сцена од серијата
Авиокомпанијата им понудила на мажите околу 35.000 долари, но тие одбиле.
Пилотот, пак, соопштил дека киднаперите барале авионот да слета, да се смени екипажот, како и да им дадат лекови.