-->
Љубителите на чоколадо го сакаат ова слатко задоволство во сите форми и видови. Затоа сме сигурни дека ќе ве израдуваат неколку рецепти за домашен...
...чоколаден ликер со кој може да наздравите уште денес.
Покрај тоа што е вкусен пијалок, домашниот ликер може да биде и одличен подарок за секоја прилика - само ставете го во интересно шише и врзете машничка :)
-->
|
1. Потребно:
- 1,5 l млеко (ако не сакате да биде толку густо, слободно додадете уште млеко)
- 500 g шеќер
- 500 ml рум
- 2 пудинга од чоколадо (за малку поинаков вкус ставете пудинг од ванила или лешник)
- 100 g горко какао
- 1 ванилин шеќер
Пудингот и какаото добро разматете ги во 300ml млеко за да не се прават грутки. Варете го останатото млеко. Кога ќе почне да врие додајте шеќер, ванилин шеќер, па потоа и смесата од пудинг и какао. Мешајте 2-3 минути да не се прават грутки. Во врелата смеса додајте рум, промешајте и оставете да се лади.
|
|
2. Потребно:
- Половина литар млеко
- Половина килограм шеќер
- 200 грама чоколадо во прав
- 2 големи лажици какао
- 400 ml рум
Во млекото се додаваат шеќер, чоколадо и какао и се вари да се стопи шеќерот. Се остава да се лади. Се додава рум и се меша. Добро се лади.
-->
-->
|
|
3. Потребно:
-->
- 1 kg шеќер
- 200 g чоколадо во прав
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- половина литар рум
- сок од 1 лимон
Во длабок сад се мешаат шеќер, ванилин шеќер и чоколадо во прав, па се додава млеко. Се вари на тивок оган со постојано мешање. Откако ќе зоврие се вари уште околу 3 минути. Се остава да се олади со повремено мешање, а потоа се додава рум и исцеден лимон.
|
|
4. Потребно:
-->
- 100 грама чоколадо за готвење
- 300 ml вода
- 400 грама шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 200 - 250 ml вотка (или чист алкохол)
На пареа топете го чоколадото со 100ml вода. Додајте шеќер, добро промешајте и оставете шеќерот да се стопи на тивок оган. Додајте уште 200ml вода и варете уште неколку минути. Додајте ја ванилата и промешајте. Додајте го алкохолот и промешајте уште еднаш.
|
Во рецептите со рум, румот може да се замени со ракија.
Сите ликери се оставаат малку да се оладат, па може веднаш да се служат или да се чуваат во стаклени шишиња.
Ликерот чувајте ги во фрижидер и пред секое послужување протресете го шишето. Иако содржат млеко имаат рок на траење од неколку месеци (ако издржите да не ги испиете веднаш :) )
По желба може да составите свој рецепт како комбинација од понудените, а горкото какаото по вкус може да го замените со детско какао од Краш, Несквик и слично.
Уживајте!
Би можело да ве интересира: