Десет имиња за бебиња со библиска симболика
Ана
Името е со еврејско потекло.
Значењето на името е: благодат, благонаклонетост.
Жените кои го носат ова име слават именден кога се празнува Света Ана.
Анастасија
Името е со грчко потекло.
Потекнува од грчкиот збор ἀνάστασις што значи воскресение.
На Велигден, односно христовото воскресение именден празнуваат Велика, Велјан, Воскресија, Анастас, но и девојките и жените со име Анастасија.
Лидија
Името е со анатолиско потекло.
Ова женско име првенствено значи „родено од Бога“, односно жена од Лидија, провинција во Мала Азија.
На денот кога се празнува Света Лидија Македонска, именден слават сите кои го носат нејзиното име.
Христина
Името е со грчко потекло.
Значење на името: произлегува од Христос (χριστός) - помазаник.
Вообичаено за именден се прославува празникот на Рождеството Христово.
Теодора
Името е со грчко потекло.
Значење на името: Божји дар, од зборовите θεός - бог и δώρον - дар.
Теодора слави именден на Тодорица, односно Тодорова сабота, или првата сабота од големите велигденски пости.
С. Ш. | Црнобело / фото: Pixabay