Топла порака со чајче
Стоплете ги зимските денови со нежен гест кон саканите. Дури и ако не сте во љубовна врска, сигурно во вашиот живот има луѓе кои сакате да ги израдувате.
Оваа едноставна идеја може да ја претворите во мал подарок за другар/ка или викендов да ги изненадите домашните со утринско чајче и куса порака за секој од нив.
Исечете форма на срце од црвен лист, запишете кратка порака или едноставно само ставете го името на саканата личност.
Заменете ја ознаката од ќесичката чај со срцето користејќи селотејп или хефталица.
Ако се одлучите да ставите само срце можете формата да ја исечете и од друг материјал.
Може да направите и мала бела честитка на која ќе нацртате или залепите срценце.
Ако црвеното срце го сметате за клише, на ист начин украсете ја ќесичката чај со други форми и бои.
З.П. | Црнобело