Вакумирани парови
Го знаете она чувство кога ќе го гушнете партнерот и посакувате да може да се претопите во него? Фотографот Хал од Токио се инспирира токму од таа...
...потреба за неверојатна блискост, па прво работел сликајќи парови на тесни места како мали собички и кади.
Неговиот следен предизвик оди чекор понатаму во претставување на споделената интимност - вакумирани двојки!
Во серијалот наречен Fresh Love гледаме парови пикнати во заедничка вакумирана ќеса.
-->
-->
|
-->
|
Љубота е мотив заеднички за целото човештво, а поаѓајќи од овој факт Хал ја предизвикува најголемата и најобработувана тема.
„Ти, кои постоиш на оваа планета, без разлика кој си, ја сакаш личноста до тебе. Од двајца луѓе до една група, па зедница, град и држава, од граница до граница, прстенот на љубовта ќе надвладее. Започнав да го создавам мојот прстен на љубовта во Токио верувајќи дека еден ден ќе се оствари светски мир без сегрегација и дискриминација“, вели тој.
Бидејќи паровите станаа негово омилено средство за изразување на идејата за љубов во светот, постојано е во потрага по нови лица.
Најчесто им приоѓа во ноќни клубови каде луѓето се поопуштени, иако често со коментарот „овој не е нормален“ веднаш го одбиваат.
Пред неговиот објектив поминале луѓе од најразличен профил, од музичари, танчери, келнери, невработени, но и директори и менаџери.
Паровите се на различна возраст, раса и животен стил, а сликал и хомосексуални и хетеросексуални двојки.
Спакуваните парови се специфични за фотографирање и авторот објаснува дека има само 10 секунди за сликање, што работата на овој серијал ја прави уште повозбудлива.
З.П. | Црнобело