Вино како сликарска техника
Сликање со вино? Секако! И тоа каде ако не во Италија! По долг период на истражување и експериментирање Elisabetta Rogai докажува дека виното е...
...уметност во секој поглед.
Италијанската сликарка користи само бело и црвено вино, без какви било други бои или хемиски адитиви.
А точно е дека виното станува подобо како што старее, дури и ако е нанесено на платно. Винските слики ја менуваат својата текстура, а боите преоѓаат во позрели тонови, па тазе насликана слика е само најава за убавините што ќе ги видите по неколку месеци. За овој процес на стареење на сликите да не трае бесконечо, Rogai создала природен фиксатор на бои од вода и брашно.
Ако ви се допаѓаат почнете да штедите затоа што овие уметнички дела се продаваат со почетна цена од 5.000 евра.