Знаци дека вашата пријателка е во насилна врска (и можеби ѝ треба помош)
Често има модринки и повреди
На сите ни се случува да се удриме, да се пресечеме и да се повредиме на каков било начин.
Но, ако вашата пријателка сè почесто се појавува со модринки и повреди, а притоа избегнува да ви каже од што ѝ се, голем е веројатноста да е жртва на физичко насилство.
Се фокусира само на потребите на партнерот
Нормално е да сакаме да му угодиме на партнерот, но ако повеќе ви изгледа како пријателката да му служи и да му се покорува, а притоа се запоставува себеси, можно е да станува бор за некаква контрола.
Нејзиниот партнер има историја на насилно однесување
Ако веќе знаете дека дечкото на девојката бил насилен со неговите бивши партнерки, голема е веројатноста исто да се однесува и со неа.
Пријателката очигледно се плаши да ви каже дека има проблем
Кога станува збор за луѓе што ни се блиски, лесно можеме да познаеме дали се соочуваат со проблем.
Ако ви се чини дека пријателката сака да ви каже дека се соочува со нешто, но делува исплашено, пробајте да ја охрабрите да зборува.
Ако сте загрижени дека имате пријателка, па и само познаничка која е во насилна врска, важно е да бидете внимателни.
Ова е мошне чувствителна тема и не ја терајте пријателката да ви признае што точно се случува.
Наместо тоа, изразете ја вашата загриженост и прашајте ја дали има некаков проблем.
Ако пријателката ви каже дека е во насилна врска, обратете се кај надлежни служби, но покажете и разбирање за нејзиниот страв да го остави насилниот партнер.
Спирова С. | Црнобело