Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“

„Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата поради злосторствата на моите родители“, вели жена чии мајка и татко убиле најмалку 12 жени, а нивните тела ги криеле во подрумот.

mornichava-ispoved-na-zhena-moite-roditeli-bea-seriski-ubijci-ja-ubija-i-sestra-mi-01.jpg

Пред скоро 30 години, Роуз и Фред Вест од Англија беа осудени на доживотна казна затвор откако властите откриле вистински хорор во нивната куќа.

Брачниот пар свирепо убил 12 девојки и жени во нивниот дом, а телата ги криеле во подрумот.

И три децении подоцна, случајот ја згрозува британската јавност, а уште поужасно е што парот ја убил и нивната ќерка.

mornichava-ispoved-na-zhena-moite-roditeli-bea-seriski-ubijci-ja-ubija-i-sestra-mi-07.jpgФред и Роуз Вест 

Фред и Роуз имале неколку деца, од кои едната ќерка, Мае, сè уште е жива и денес има 52 години, а има и зборувано за нејзиниот тажен живот.

Иако Мае можеби се спасила, не значи дека нејзиното детство било лесно.

Напротив, Мае била жртва на физичко и сексуално малтретирање од страна на родителите кое дефинитивно оставило голема трага во нејзиниот живот.

mornichava-ispoved-na-zhena-moite-roditeli-bea-seriski-ubijci-ja-ubija-i-sestra-mi-09.jpgМае Вест фотографирана во 1994-та

Но, она што е можеби најчудно е што неодамна Мае откри дека била во контакт со мајка ѝ до пред 16-тина години.

Таткото на Мае, Фред, извршил самоубиство во затворот во 1995-та, но мајка ѝ до денес е зад решетки.

Сега, Мае открива дека била во контакт со мајка ѝ, но таа одлучила дека треба да престанат да комуницираат.

Мајка ѝ ѝ напишала писмо со кое само рекла дека е најдобро да не се во контакт.

mornichava-ispoved-na-zhena-moite-roditeli-bea-seriski-ubijci-ja-ubija-i-sestra-mi-12.jpgРоуз со ќерка ѝ Мае

Во интервју со The Sun, Мае откри дека изминативе 30-тина години се обидува да живее колку-толку нормален живот, но и дека често размислува за нејзината мртва сестра.

„Многу се растажувам кога мислам на сестра ми Хедер – колку години би имала сега, каков живот би водела… Многу ја сакам.

Тоа што пораснав со родители како моите има влијаени врз мојот карактер. За мене поголем предизвик е да се справам со траумата што ми ја оставиле, отколку со тоа какви луѓе биле тие“.

mornichava-ispoved-na-zhena-moite-roditeli-bea-seriski-ubijci-ja-ubija-i-sestra-mi-11.jpgМае со сестра ѝ Хедер

Мае има и две деца, а вели дека помладиот син не знае ништо за нејзиното трауматично минато.

А, таа стравува дека кога-тогаш ќе дознае, бидејќи случајот е мошне познат во Англија.

„Сега е на возраст кога почнува да поставува прашања. Засега само му кажав дека татко ми е мртов и дека не зборувам со мајка ми.

Што се однесува до мене, подобро никогаш да не дознае, барем јас нема да му кажам“, вели Мае.

mornichava-ispoved-na-zhena-moite-roditeli-bea-seriski-ubijci-ja-ubija-i-sestra-mi-10.jpgМае фотографирана во 1994-та

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg