Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите
Љубовните врски во племето
За Бушманите сексот е исклучително важен во секојдневието. Тие водат љубов неколкупати во текот на денот.
Така се ослободуваат од стресот, поради што се постојано насмеани и опуштени.
Секој маж може да има една жена и таа да е само негова. Сепак, по одреден период, паровите се разменуваат. Едни на други си ги даваат жените, без никаква љубомора.
Децата остануваат со мајката која оди кај друг маж.
Целата заедница се грижи за воспитувањето на децата како едно големо семејство.
Размената на партнери може да биде и со друга група, што е добро, бидејќи се избегнуваат генетски проблеми при брак со роднини од иста заедница.
Дамите се посебни
Стеатопигијата е уште една карактеристика на жените од племето Бушман.
Тоа претставува таложење на високо ниво на маснотии во мускулите на задникот и колковите.
Се постигнува со тоа што жените се хранат главно со бабуни, а обредот се спроведува во колиби специјално направени за тоа.
Тоа е за нив поим за убавина.
Освен што се грижат за децата, жените одат и во потрага по храна, но со нив мора да оди и човек од племето да ги чува.
Секогаш се расположени за дружење и многу зборуваат.
Тие обично раѓаат 3 или 4 деца, а животниот век на Бушман ретко надминува 50 години.
Жените се породуваат само во тишина, надвор од кампот во грмушка, бидејќи не смеат да испуштат звук. Попрво ќе леат солзи и ќе си ги гризат рацете отколку да плачат од породилни болки.
Користат халуциногени билки
Бушманите пушат „пунка пунка“, халуциногена билка која е неколкупати посилна од марихуаната.
Овој ритуал е дел од нивната традиција.
Растението се наоѓа во сезоната на дождови, а во сушниот период користат полжави.
Пушат секој ден дури, и по 5 пати.
Причината за толку пушење е верувањето дека се опуштаат, но и дека имаат повеќе сила за лов и други активности.
С. Ш. | Црнобело / фото: pixabay.com