10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства

Елзбиета Плачковска

Оваа жена била одговорна за смртта на нејзиниот седумгодишен син и петгодишното девојче за кое се грижела во 2012 година. Полицијата била преплашена од она што го нашла во куќата каде што се случил инцидентот.

Освен што ги откриле телата на двете деца кои биле избодени со нож, пронашле и тела на две семејни кучиња.

Плачковска прво се обидела да обвини разбојници за целиот инцидент, но на крај во 2017 година била прогласена како виновна за овие убиства.

10-najloshi-dadilki-vo-istorijata-im-bile-dovereni-deca-a-tie-izvrshile-surovi-ubistva-07_copy.jpg

Мајкл Плумадор

На 22 декември 2011 година, Мајкл Плумадор бил оставен да се грижи за деветгодишно девојче и нејзините шестгодишни сестри. Најстарото девојче го загубило животот од рацете на Плумадор кој ја удрил со цигла.

Тој ја избегнал смртната казна со тоа што се изјаснил за виновен и прифатил доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Пред инцидентот, членовите на семејството на жртвата го сметале Плумадор за доверлив семеен пријател.

10-najloshi-dadilki-vo-istorijata-im-bile-dovereni-deca-a-tie-izvrshile-surovi-ubistva-08_copy.jpg

Агнес Вонг

Оваа дадилка во Салфорд, Англија, била одговорна за смртта на 16-месечното дете, Хуго Ванг, во 2007 година. По плачењето, наводно Вонг го удрила детето во кревет или гардеробер, а тоа починало од внатрешно крвавење во мозокот.

Врз основа на состојбата на детето со повредите, надлежните сметале дека детето редовно било подложено на повреди додека било чувано од оваа дадилка. Во 2008 година Вонг била осудена на пет години затвор.

10-najloshi-dadilki-vo-istorijata-im-bile-dovereni-deca-a-tie-izvrshile-surovi-ubistva-02.jpg

Бренда Гејл Кутро

Бренда Гејл Кутро била обвинета за двојно убиство по смртта на две доенчиња кои биле згрижени кај неа. Таа водела центар за дневен престој, во Јужна Каролина, а наводно со повреди се здобило и уште едно новороденче.

На крајот Кутро била прогласена за виновна и осудена на доживотен затвор за нејзините злосторства.

10-najloshi-dadilki-vo-istorijata-im-bile-dovereni-deca-a-tie-izvrshile-surovi-ubistva-09.jpg

Дејвид Мекгриви

Дејвид Мекгриви понекогаш бил нарекуван и „чудовиштето од Ворчестер“. Откако бил избркан од домот на неговите родители, тој се преселил кај негови пријатели каде што се грижел за нивните три деца.

Во пијана состојба, на 13 април 1973 година, тој ги убил децата, и тоа сите на различен начин. Нивните тела ги оставил на оградата од ковано железо на нивниот сосед, па побегнал.

Набрзо бил уапсен и осуден, но во 2018 година се навело дека тој значително се променил и бил ослободен.

10-najloshi-dadilki-vo-istorijata-im-bile-dovereni-deca-a-tie-izvrshile-surovi-ubistva-10.jpg

М. Ѓ | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg