10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства

Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиство од прв степен и тоа во 1963 година. Таа го извршила злосторството додека чувала четири деца за Нова година, во Феникс, Аризона.

10-najloshi-dadilki-vo-istorijata-im-bile-dovereni-deca-a-tie-izvrshile-surovi-ubistva-01.jpg

Ова се дефинитивно најлошите дадилки на сите времиња. На листата се наоѓаат личности на кои им биле доверени деца, а тие ја изневериле довербата па биле осудени за правење ужасни работи.

10 дадилки кои ги убиле децата за коишто требало да се грижат:

Луис Вудворд

На 9 февруари 1997 година, 18-годишната Луиз Вудворд се грижела за осуммесечниот Метју Ипен во Њутн, Масачусетс.

Откако Метју починал од фрактура на черепот и внатрешно крвавење, Вудворд била осудена за убиство од втор степен. Обвинителите тврделе дека таа сигурно го потресла бебето и го фрлила на тврда површина.

Во жалбата, судијата ја намалил пресудата за ненамерно убиство, а Вудворд била ослободена по 279 дена. Таа на полиграфски тест се заколнала дека не му нанела повреди на детето.

Сепак, случајот останува контроверзен.

10-najloshi-dadilki-vo-istorijata-im-bile-dovereni-deca-a-tie-izvrshile-surovi-ubistva-02.jpg

Бети Смити

Во времето на нејзиното ослободување во 2012 година, оваа поранешна дадилка била затвореничка со најдолг стаж во американската историја.

Смити имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиство од прв степен и тоа во 1963 година. Таа го извршила злосторството додека чувала четири деца за Нова година, во Феникс, Аризона.

Таа првично била осудена на доживотен затвор, меѓутоа, додека била во затворот добила писмо од мајката на жртвата во кое таа нудела прошка.

10-najloshi-dadilki-vo-istorijata-im-bile-dovereni-deca-a-tie-izvrshile-surovi-ubistva-03.jpg

Ѓулчехра Бобокулова

Во 2016 година, оваа дадилка ги шокирала минувачите во Москва кога мавтала со докази за убиство на девојчето за кое се грижела.

Узбекистанката била запрена од полицијата за проверка на лични документи, кога извадила глава од чантата која му припаѓала на четиригодишното девојче.

Наводно, Бобокулова рекла дека слушала „гласови“ и дека Алах ѝ рекол да го изврши злосторството.

10-najloshi-dadilki-vo-istorijata-im-bile-dovereni-deca-a-tie-izvrshile-surovi-ubistva-04.jpg

Габриела Гонзалес

Во 2011 година, на Гонзалес ѝ била оставена да ја чува двегодишната ќерка на нејзината цимерка во Ричмонд, Вирџинија, кога детето претрпело фатални повреди.

Девојчето било пренесено во болница со брза помош, каде што три дена живеело на апарати за одржување, пред да почине.

Дадилката тврдела дека малото девојче се повредило со паѓање од кревет. Но, по сериозноста на нејзините повреди, се посомневало дека се случило нешто понасилно. Гонзалес била прогласена за виновна и осудена на 20 години затвор.

10-najloshi-dadilki-vo-istorijata-im-bile-dovereni-deca-a-tie-izvrshile-surovi-ubistva-05.jpg

Јоселин Ортега

На 25 октомври 2012 година, Марина Крим и нејзината ќерка Неси се вратиле во нивниот стан во Њујорк, за да откријат ужасна и потресна сцена.

50-годишната дадилка, Јоселин Ортега, ги избодела до смрт другите две деца на Крим и ги оставила во кадата. По откривањето, Ортега го свртела ножот кон себе, но преживеала.

Подоцна рекла дека имала проблеми со парите и била лута бидејќи Крим ѝ предложила да помага во домашните работи.

Во 2018 година Ортега била прогласена за виновна за убиство од прв и втор степен и е осудена на доживотен затвор, без можност за условно ослободување.

10-najloshi-dadilki-vo-istorijata-im-bile-dovereni-deca-a-tie-izvrshile-surovi-ubistva-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg