Како да потрошите помалку за празниците?
Празниците се и време кога претерано и неконтролирано се троши.Го Трошиме и она што ни е во паричникот, но и она што го немаме.
Затоа парите се голем стрес, многу повеќе за девојките за време на празниците, бидејќи сè нешто треба да се купува.
Еве некоку совети како да не трошите премногу:
Празничен буџет
Најдобро е да направите финансиска конструкција и да испланирате колку пари можете да потрошите на подароци, журка, гардероба, патување... Кога ќе направите список на обврските и парите со кои што располагате, ќе ви биде полесно да ги одредите приоритетите. Подготовкате ќе ви направи да се чувствувате поспокојно и на мира да ги трошите парите онака како што сте испланирале. Ќе имате впечаток дека имате контрола врз потрошувачката.
Внимание
Во време кога има глобална економска криза важно е да подарувате од срце, а не само скапи подароци. Запрашајте се „Што најмногу ќе му се допадне на оној кому му подаруваме?“ Размислете за тоа пред да отидете во шопинг. Материјалните работи не се најважни.
Штедење
Дури и најштедливите понекогаш ќе потрошат повеќе од своите можности. За да не мислите како ќе го отплатите долгот на картичката, направете план за штедење во текот на јануари. Повеќе ќе уживате во празниците ако имате план Б кој ќе ги „покриете“ вашите гревови.